
Жените често се под поголем стрес од мажите ако имаат кариера и деца во исто време. Ова може да доведе до недостаток на магнезиум, микроелемент кој е директно вклучен во најважните биохемиски процеси и кој телото го троши побрзо кога сме под стрес.
Најчесто, недостатокот на магнезиум се поврзува со навиките во исхраната, но и со внесување на прекумерни количини кафе и алкохолни пијалоци. Недостаток на магнезиум може да се појави и при хормонални промени во телото на жената – за време на бременост и менопауза.
Во некои случаи, тежок недостаток на магнезиум се јавува како резултат на дијабетес, срцева слабост и откажување на бубрезите.
Недостатокот на магнезиум кај жените најчесто се манифестира во следниве случаи:
1. Хормонални промени
Непосредно пред менструалниот циклус, повеќето жени доживуваат бројни промени – зголемена желба за слатки, замор, главоболки, надуеност и нервоза. Доколку има недостаток на магнезиум, овие симптоми ќе бидат особено изразени.
2. Дигестивни проблеми
Недостатокот на магнезиум е предизвикан од лошиот избор на храна. Брзата храна, со малку влакна и многу шеќер може да доведе до запек и други дигестивни проблеми.
3. Насилна реакција на променливо време
Жените кои имаат хроничен недостаток на магнезиум реагираат побурно на временските промени. Метеоролошките реакции придружени со главоболка, вртоглавица, слабост, потење и чувство на „кнедли во грлото“ може да се ублажат со јадење храна богата со магнезиум или уште поедноставно преку суплементација.
4. Мускулни грчеви
Магнезиумот е многу важен за релаксација на мускулите. Доколку го нема доволно во телото, се јавуваат грчеви, чувство на пецкање, како и неволно грчење на окото и други тикови.

5. Неправилна работа на срцето
Недостатокот на магнезиум може да се манифестира и со проблеми со срцето, најчесто со аритмија. Овој минерал е одговорен за опуштање на сите мускули, вклучувајќи го и срцето.
6. Кревка коса
Недостатокот на магнезиум кај жените се манифестира и со промени во квалитетот на косата. Косата станува безживотна, го губи сјајот, почнува да се „крши“ и да опаѓа. Нормално е да изгубите од 50 до 100 влакна за 24 часа – се повеќе од тоа е причина за одење на лекар.
7. Несоница и анксиозност
Чувството на постојана вознемиреност и неможност да се заспие, исто така може да биде резултат на недостаток на магнезиум во телото.
Бидејќи овој минерал се внесува преку храната, менито треба да се збогати со храна богата со магнезиум. Тоа се какао, индиски ореви и бразилски ореви, семки од тиква, грав, бадеми, како и спанаќ и друг зелен лиснат зеленчук.