8 МАРТ, ДЕН НА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЖЕЛБИТЕ За среќа, секоја жена треба да ги направи овие 8 магични работи

8 март, 20220
Screenshot_1

Ајде на 8 март да покажеме колку сме си важни на себе, колку сме горди на себе и дека овој празник ќе биде добар почеток за позитивна промена во нашите животи.

 

 

  1. Исполнете ги вашите потреби и желби – На 8 март почестете се со нешто што отсекогаш сте го посакувале. Одете во бањата, платете си патување, купете си нов фустан, запишете се на курс за кој долго време сонувавте, почнете да танцувате… Нека овој ден биде совршен за исполнување на желбите кои сте ги запоставиле – израдувајте се!

 

  1. Развијте љубов кон себе – Наместо да се критикувате, постојано да забележувате грешки и несовршености, обидете се да развиете здрава љубов кон своето битие. Тоа е важно, лековито и ви помага да развиете самодоверба и да најдете мир. Во тоа можат да ви помогнат и афирмациите, но и водење дневник во кој ќе го запишете сето добро што сте го постигнале.

 

  1. Поврзете се со вашата креативна страна – Одвојте малку време во текот на денот за да се поврзете со вашата креативна страна и да го истражите сопствениот талент. Пронаоѓањето на креативноста може да го зајакне вашиот дух и да ви овозможи да го дадете најдоброто од себе. Без разлика дали го прославувате Меѓународниот ден на жената со вашето семејство, пријатели или сами, има многу забавни проекти, трикови и активности „направи сам“ каде што можете да ја изразите вашата креативност.

 

  1. Поминете време со вашите омилени дами – Има ли подобар подарок од времето кое им го подаруваме на драгите луѓе. Покажете ѝ на вашата омилена дама, било да е тоа мама, пријателка, сестра, колешка, колку се грижите за неа. Поминете прекрасен ден заедно и уживајте во енергијата што ја носи 8 март.

 

  1. Дознајте повеќе за влијателните жени – Прочитајте ја биографијата на некои од највлијателните жени кои се бореле за правата на жените и направиле голема разлика во светот.

 

  1. Вклучете се во женско движење или организација – Постојат многу начини на кои можете да им помогнете на многу жени и да го направите 8 март вистински празник на правдата, солидарноста и женската моќ.

 

  1. Украсете ја куќата – Внесете ја атмосферата на 8 март во вашиот дом! Тоа не мора да биде само цвеќе, туку можете да направите автентична декорација која ќе направи да се чувствувате посебно во вашиот дом на овој ден. Боите на Меѓународниот ден на жената се виолетова (означува правда и достоинство), зелена (симболизира надеж) и бела (чистота).

 

  1. Засадете растение или цвет во вашиот дом или градина – Наместо да купувате цвеќе, можете да го засадите на 8 март, замислете желба за време на садењето која е исклучиво врзана за вас, а потоа гледајте како цветот ви расте со текот на времето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma