90-тите СЕ ВРАЌААТ: Трендот „ЗАМРЗНАТИ УСНИ“ летово се враќа НА ГОЛЕМА ВРАТА!

popara9 јули, 20221min00
959661_profimedia0290326674_ls

Идеални се и за дневни верзии и за луди ноќни излегувања

„Frozen lips“, трендот на шминкање кој владееше во 90-тите години, ова лето се враќа на големо.

Ѕвездите од деведесеттите како Памела Андерсон, Наоми Кембел и Кејт Мос гордо го промовираа овој тренд, препознатлив по ледениот сјај на усните.

Но, донекаде е променета верзијата која доминира летово – во тренд се кармините со сјај во разни нијанси.

Слободно комбинирајте бледо и нежно розево, златно и проѕирно, суптилно розево со бисерен сјај… Бојата на усните е добредојдена, но над неа задолжителен сјај кој ќе им даде „замрзнат“ изглед.

За разлика од кармините од деведесеттите кои не ви дозволуваа туку така да постигнете изглед на „замрзнати усни“, имајте на ум дека повеќето кармини денес имаат двојни пигменти кои овозможуваат подобра рефлексија на светлината.

Исто така, тие се многу издржливи, ги навлажнуваат усните и не оставаат трага на забите, ниту пак лесно се отстрануваат кога јадете. Затоа се идеални и за дневни верзии и за ноќни излегувања.

Мат варијантите се симнаа од тронот, но ако сте доволно смели и не сакате да се откажете од драматичната боја на усните по секоја цена – повелете! Нема да бидете во тренд, но важно е да се чувствувате добро и самоуверено.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma