Холивудската актерка Маргот Роби е главната ѕвезда на филмот „Барби“ кој наскоро ќе почне да се емитува, а актерката ги открила своите тајни на исхрана додека се подготвувала за филмот за легендарната кукла.
Маргот го игра ликот на најпознатата кукла на светот, а за да ги исполни барањата на една предизвикувачка улога, холивудската актерка следела строга диета за да ја одржи формата.
Таа зборуваше за „диетата на Барби“ во неодамнешното интервју за British Women Health. И ова е навистина интересно, иако сосема предвидливо. Основниот принцип на таквата диета: многу малку јаглени хидрати и без слатки.
„Мојот појадок обично се состои од овесна каша и шејк за зајакнување на имунитетот. За ручек јадам салата од пилешко, а за вечера стек од туна и слатки компири. Пијам чај во текот на денот, со кој сум опседната откако живеам во Велика Британија“, рекла Маргот. Актерката признала и дека откако се преселила со сопругот во САД, настрадала исхраната – хамбургерите и пивото и станале навика.
„Храната ми е многу важна. Сакам плескавици и помфрит кои ги нарачувам со половина литар пиво. Во САД, моето омилено јадење е двојна плескавица: доаѓа со сирење од тартуфи и глазура од тартуфи“, рече Маргот Роби.
Покрај здравата исхрана за улогата на Барби, Маргот се префрли на тренинзи со висок интензитет, со страст за пилатес.
„Секогаш се чувствувам многу подобро по добро истегнување. Но, кога не се подготвувам за улогата, претпочитам тренинзи во кои навистина уживам – часови по танц или играње тенис со пријателите“, изјави убавата русокоса.