Трејлерот на Buzz Lightyear излезе за публиката – токму на време за да ви ја разбудат љубопитноста пред премиерата!

popara7 мај, 20221min00
baz-svetlosni-830x0

Духовитиот, друштвен астронаут цртан херој кој влезе во легендата – Buzz Lightyear e во нов заплет за патувањето низ времето во анимацијата на Пиксар и Дизни. Сместен во универзумот на „Toy Story“, филмот истражува измислена приказна за потеклото на вселенскиот херој. Со почетокот на летото, од 16 јуни, во кината ќе има носталгична авантура за Lightyear, а дотогаш ви претставуваме нов трејлер.

Тимот го наоѓа Баз заглавен на вонземска планета на која тој случајно патувал 62 години до иднината во која злобниот император Зург насилно сака да ја освои галаксијата.

Песната што се слуша во новиот трејлер е „Lonely Boy“ наградена со Греми наградата на бендот The Black Keys, од нивниот познат албум „El Camino“ од 2011 година.

На претходно најавениот Крис Еванс, кој го позајмува гласот на Buzz, му се придружува и Таика Ваитити – докажан актер и режисер во квалитетни сатира.

Новиот трејлер не воведува подлабоко во приказната и вели дека грешката на Баз била што стигнале до непозната планета, но тоа не е се, приказната е раскажана со помош на низа шеги и, секако, емотивната нарација на Пиксар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma