Овој трик го користеле девојките уште од античко време, и ја открива годината во која ќе запловите во брачните води. Па, вреди да се проба, нели?
Сигурно сте слушнале од барем една од вашите баби или мајки за познатиот народен експеримент со венчален прстен и чаша вода што ја погодува годината во која ќе го кажете судбоносното „да“.
Ако досега не сте имале шанса да го примените овој трик, а сте љубопитни како нас, ви предлагаме да го направите денес!
Нема да ве чини ништо.
Потребни ви се само чаша вода, конец и венчален прстен.
Наполнете ја чашата со вода до половина, закачете го прстенот на конецот и чекајте.
Со текот на времето, прстенот ќе почне да удира по рабовите на стаклото, а вие полека бројте бидејќи тоа се годините кога ќе се венчате.
Слушајте внимателно и сконцентрирајте се за да не пропуштите ниту една.
Колку и да се обидувате да го направите овој експеримент, бројот секогаш ќе биде ист.