Ги смируваат отечените непца, крварењето и го елиминира непријатниот здив! Чаевите од овие БИЛКИ делуваат брзо

13 јануари, 2022
profimedia-0388980259-biblioteka

Можете да ги пиете и да ги користите за плакнење.

 

Ако често имате проблем со оток, крварење и воспаление на непцата, можете успешно да го решите со помош на билни чаеви. На овој начин, исто така, може да се ослободите од лошиот здив.

 

Камилица

Камилицата содржи антиинфламаторни и антисептички состојки. Сѐ што треба да направите е да ја исплакнете устата со чај од камилица. Кога сте направиле малку посилен чај од камилица (додадете две до три лажички камилица во чашата), оставете да се излади 10 минути и испијте ја или исплакнете ја устата со неа.

 

Коприви

Копривата содржи магнезиум, кој е одличен борец против гингивитис. Чајот од коприва има антибактериско дејство.

 

Нане

Нане (ментол) добро се бори против бактериите кои предизвикуваат расипување на забите. Се разбира, најлесниот начин е да направите чај. Земете две лажички мелени листови од нане и ставете ги во чаша врела вода. Може да го пиете чајот, но и да го користите за плакнење на устата. Дополнителен совет: наместо гума за џвакање, можете да џвакате свежи листови од нане.

 

Жалфија

Ова растение е одлично за одржување на оралната хигиена. Направете чај од жалфија за да ве заштити од гингивитис. Но, имајте на ум да консумирате умерени количини чај, бидејќи кај поединци, прекумерната употреба на жалфија предизвикува грчеви.

escort - Korsan taksi