Заборавено ФЕНГ ШУИ правило: Внимавајте пред да легнете!
13 јануари, 20220
Дали некогаш сте се запрашале како треба да изгледа перницата на која лежите?
Бидејќи правилата за фенг шуи се многубројни, сигурно е дека не се изоставени и правилата за перниците.
Како треба да изгледа вашата перница?
На креветот секогаш треба да има перници со убави, бели, но и шарени навлаки. Перницата на која ќе ја ставите главата треба да биде чиста и бела. Перниците треба да бидат чисти, бидејќи постои верување дека тие „се сеќаваат“ и можат да ве снабдуваат со лоша енергија. Перниците паметат и лоши настани, па затоа е важно да ги менувате по грди настани, смрт на саканите, стресни ситуации или разделби.
Погрижете се да легнете во чиста и нова постелнина по тешки настани за да ја смените кармата.