ОСЛОБОДИ СЀ ОД ТОЈ УЖАС! Бен никогаш не ја соблекува маицата на плажа поради Џеј Ло, а сега конечно е откриено што таа му забранила!

13 јануари, 20220
Screenshot_9

Добро е познато дека многу актери и актерки мораа да променат одредени карактеристики за да добијат подобри улоги

 

 

Бен Афлек можеби е еден од најпосакуваните актери во Холивуд, а Џеј Ло повторно падна на неговиот шарм, но тоа не значи дека за неа сѐ е таман кога е во прашање нејзиниот сакан.

 

 

Имено, добро е познато дека актерот никогаш не ја соблекува маицата на плажа кога е со латино дивата, без разлика на температурата, а причината е што не ѝ се допаѓа неговата огромна тетоважа, за која и самата признала во едно од интервјуата.

– Таа е страшна! Таа е навистина страшна, јас би се срамела на негово место – рекла таа, а потоа додала:

 

– Има премногу бои. Сите негови тетоважи имаат премногу бои. Треба да бидат помалку шарени и покул – истакна таа.

 

Бен има тетовиран феникс во светли бои на грбот, а кај Елен Деџенерис во емисијата рекол дека цртежот претставува нешто многу важно за него, но не сакал да го открие значењето.

 

Сега стана познато дека тетоважата не е единственото нешто што не го сака Џеј Ло.

 

Добро е познато дека многу актери и актерки мораа да променат одредени карактеристики за да добијат подобри улоги. Носот, усните, забите… и Бен не беше исклучок. Еднаш му кажаа филмските продуценти дека мора да си ја поправи насмевката ако сака да добие улоги.

 

Пред да глуми во филмот „Армагедон“ во 1998 година, кој исто така го прослави, актерот имал задача да си ги среди забите за да биде „похоливудски“ и, како што вели, да научи да биде секси.

 

Го принудиле да оди во теретана и да се стекне со мускули, а резултатите не изостанале бидејќи реализацијата за рекордно време заработила 553 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi