„House of the Dragon“ ја надмина „Game of Thrones“ по само една сезона

popara25 октомври, 20221min00
profimedia-0733077871-830x0

Што мислите за првата сезона?

„Куќата на змејот“ ги собори рекордите на гледаност на „HBO“ во Европа, објави „Warner Bros Discovery“.

Првата сезона на фантастичната драма ја надмина осмата сезона на „Игра на тронови“ и стана најгледаниот наслов на стриминг сервисите на „HBO“ низ Европа, според нејзината матична „WBD“.

Не беа дадени конкретни бројки, но секоја епизода од серијата имаше во просек 29 милиони гледачи во Соединетите Држави, со стриминг тројно повеќе. „Куќата на змејот“ ја привлече најголемата публика за дебитантска серија во историјата на „HBO“ и беше најдобрата серија што некогаш била лансирана на „HBO Max“ во САД, Латинска Америка и Европа.

Надвор од Европа, серијата, која ја раскажува приказната за војната во владејачката династија Таргариен и е базирана на романот „Оган и крв“ од Џорџ Р.Р. Мартин, ја надмина и осмата сезона на „Игра на тронови“, со што стана најгледаниот наслов на „HBO“ досега во Јужна Америка, Југоисточна Азија, Хонг Конг и Тајван на сервисот за стриминг „HBO“.

Очигледно е дека писателот Џорџ Р.Р. Мартин, водителот на шоуто Рајан Кондал, Мигел Сапочник и другите режисери и извршни продуценти завршиле одлична работа.

Кејси Блојс, претседател и извршен директор на „HBO“ и „HBO Max“, рече:

– Толку сме воодушевени кога гледаме како „Куќата на змејот“ пламна меѓу обожавателите на „Игра на тронови“ ширум светот, како и новите гледачи кои за прв пат го откриваат светот на Вестерос. Честитки за Џорџ, Рајан, Мигел и целиот тим за неверојатната прва сезона.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma