Манескин најави нов сингл наречен „GOSISIP“. Песната ќе биде објавена на 13 јануари 2023 година и се очекува да се појави на третиот албум на италијанските рокери наречен „RUSH!“, кој пристигнува една недела подоцна на 20 јануари.
Во синглот „GOSSIP“ ќе настапи Том Морело, гитаристот на Rage Against The Machine.
Сите заедно позираа на фотографија која беше објавена на Твитер профилот на бендот.
Гласините велат дека албумот “RUSH!” ќе има други хитови на италијанските рокери, како што се „The Loneliest“, „Supermodel“, како и „If I Can Dream“, песна која беше на саундтракот за биографскиот филм на Елвис Присли во режија на Баз Лурман, пишува NME.
Еве фотографија од членовите на групата Манескин и Том Морел.
GOSSIP feat. @tmorello. Our new single out January 13th, 2023 ❤️🔥 pic.twitter.com/0n31DzDZm5
— MåneskinOfficial (@thisismaneskin) December 14, 2022
Инаку, можете да слушнете и уште еден нов нивен сингл наречен „LA FINE“: