Во текот на изминатите неколку години, бевме сведоци на различни модни соработки – од висок профил како Balenciaga и Gucci, Versace и Fendi, до интересни кросовери како Balmain и Barbie, а сега на оваа подолга листа ги додаваме Дизни и Стела Макартни. Познатиот дизајнер е одговорен за преуредувањето на Мини Маус по повод 30-годишнината од Дизниленд во Париз.
По 94 години во црвено-бел фустан со точки под кој ѕирка долната облека, Мини ќе добие одело со панталони. На точките, се разбира. „Новата верзија на нејзините типични точки е симбол на напредок за новата генерација. Костимот ќе се носи во чест на месецот посветен на жените во март“, изјави Стела Макартни.
Костимот го задржал мотивот со точки, наместо црвено е во сини нијанси, а на местото на џебовите има машнички. Овој мал пробив во модата на глувчето имаше одлично одек на интернет, па многу љубители на универзумот на Дизни имаа мислење и се чини дека не сите се поддржувачи на овој модерен моден израз. Додека некои коментираа дека сината не и прилега (?!), други го оплакуваа нејзиното изгубено детство, некои дури ја споредија со изгледот на Хилари Клинтон, а еден коментар на Твитер со кој можеме да се согласиме е – ако навистина сакаме да видиме напредок кај жените на гардеробата што треба да ја симболизира ова глувче, дизајнерите треба да додадат и соодветни џебови на женската облека.