На прв поглед маската изгледа мошне едноставно за да би била толку ефикасна, но вие пробајте, па уверете се во нејзините квалитети.
Имате екстремно сува кожа на вашето лице? Оваа домашна маска е вистинското решение за Вашиот проблем. Уживајте во домашниот „бјути“ третман и претворете ја Вашата кујна во најубавиот салон за убавина.
Подготовка:
Добро изматете едно цело јајце, и маската нанесете ја на лицето. Кога ќе се исуши оставете да делува уште 10 минути. Потоа лицето измијте го со студена вода и намачкајте го со бадемово или маслиново масло.