Сигурни сме дека веќе сте слушнале за тоа како сунѓерчето за садови е веројатно највалканата работа што ја имате во куќата.
Собира повеќе бактерии отколку WC школката.
Затоа се препорачува да се менува еднаш неделно, но магазинот „Journal of Environmental Health“ неодамна објави истражување во кое пишува дека кујнскиот сунѓер сепак може да трае и до три недели, доколку се одржува правилно.
Имено, сунѓерот може да се измие и дезинфицира полесно отколку што сте замислувале. Сè што ви треба е вода, неколку капки сок од лимон и микробранова печка.
Натопете го сунѓерот, исцедете неколку капки лимон врз него и ставете го во микробранова печка. Оставете 90 секунди на највисока температура и овој потег ќе ја намали контаминацијата на бактериите за дури 99 проценти.