Rammstein го најави својот нов албум „Zeit“, за 29 април, a дека за нив времето не тече, барем кога е квалитетот во прашање, покажува истоимената песна што ја објавија денеска.
Видеото, потпишано од актерот и режисер Роберт Гвисдек, е достапно на каналот на бендот на YouTube.
Како што го опиша бендот, оваа песна се занимава со „непостојаноста, нашата смртност и скапоцената, минлива среќа на совршениот момент“.
Бидејќи мораа да ја одложат својата европска и американска турнеја поради Ковид, бендот објави на Инстаграм во 2020 година дека влегуваат во француското студио Ла Фабрик, каде што го снимија нивниот албум „Untitled“ една година порано.
„За жал, нема да има турнеја оваа година, но одлично е што се враќам во студио“, напиша тапанарот Кристоф Дум Шнајдер.
Во ноември минатата година, Ричард Крус потврди дека бендот наскоро ќе објави нова песна, пред следната турнеја.
Претходно, Кристоф напиша на Инстаграм дека Томас Песке, астронаут на Меѓународната вселенска станица, е еден од првите кои се запознале со новиот материјал.
– Вселената повикува! Имав можност да разговарам со астронаутот на Меѓународната вселенска станица, Томас Песке, во име на групата Rammstein. Тој е актуелен командант на Меѓународната вселенска станица и живее во вселената веќе половина година – напиша Шнајдер на Инстаграм и додаде:
– Се чувствував како да ми се остварува сонот од детството – Разговарам со личност која живее во рајот, го споделувам неговиот став, повторно сфаќам колку сме сите мали во споредба со длабочините на вселената…
„Тој беше првиот што преслуша една од нашите нови песни од претстојниот албум. Премиерно беше прикажан на небото, што е чест за нас. Благодарност до НАСА и Европската вселенска агенција и Томас за ова уникатно искуство“ – напиша Кристоф Шнајдер.