„Squid Game“ станува најголемото ријалити шоу досега: Нетфликс ветува награда од 4,56 милиони долари

popara16 јуни, 20221min00
squid-game-5-830x0

Планетарно популарната серија „Squid Game“ не само што ќе ја добие втората сезона туку ќе прерасне во „најголемиот ријалити натпревар досега“. Така барем тврди Нетфликс, стриминг гигантот кој реши да го реализира овој натпревар.

Иако влогот нема да биде живот или смрт (се надеваме), „Squid Game: The Challenge“ ќе има 456 играчи кои ќе се натпреваруваат во серија игри за шанса да освојат 4,56 милиони долари. Нетфликс тврди дека исплатата е најголемата паушална парична награда во историјата на ТВ (иако X Factor на Фокс претходно даде договори за снимање во вредност од 5 милиони долари).

– „Squid Game“ блескаво го освои светот со неверојатната приказна и иконичните слики – изјави Брендон Риг, еден од претставниците на Нетфликс.

– Благодарни сме за таа поддршка додека го претвораме фиктивниот свет во реалност во овој голем натпревар и социјален експеримент. Фановите на драмските серии ќе имаат фасцинантно и непредвидливо патување додека нашите 456 натпреварувачи од реалниот свет ќе го поминат најголемиот натпреварувачки предизвик досега, полн со неизвесност и пресврт, со најголемата парична награда на крајот.

Реалити натпреварот ќе се состои од 10 епизоди (една повеќе од првата сезона на драмската серија), а објавено е и тизер видео:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag