Помина времето на таканаречените „евровизиски“ песни кои успеваат на Евровизија. Dreams, песната на Yon Idy е крајно оригинална, необична, која те придобива од прва. Зрачи со љубов и искреност, всушност, каков што е и самиот Yon.
Песните на овој кантавтор се емитуваат на многу радио станици низ Европа и САД. Истражувајќи по интернетот, наидовме на многу коментари по различни медиуми и портали низ светот за музиката на Yon. Еве неколку од нив: „Штом го слушнав тоа слатко арпеџо и квалитетот на звукот на гитарата, бев фасциниран од музиката на овој талентиран уметник. Неговата музика директно комуницира со срцето и душата на слушателот и успева да возбуди со нежноста на мелодиите.“; „Со топол вокал во фокусот и благи тапани, на крајот го комплетира аранжманот и открива прекрасни мелодии кои влегуваат под кожа.“; „Песната е извонредна! Прекрасна мелодија и неверојатна вокалистичка изведба. Несомнено најдобрата песна која доаѓа од Македонија оваа година. Ние станавме целосно зависни од неа: Таa е наша песна на неделата!“; „Yon Idy создаде волшебна (stunning) песна со пасионантна моќ внатре во неа. Неговиот стил фасцинира со автентичност и елеганција“.
Таков е Yon Idy, музичарот кого веќе некое време го нарекуваат „Светско, а наше“. Затоа што е специфичен, поинаков, шармантен, мислиме дека тој треба да ја претставува Македонија на Евросонг 2022 во Торино.
И ве повикуваме да гласате за него на https://evrovizija.mrt.com.mk/