На доделувањето на Брит наградите се појавија одлични пејачи, настапите ја воодушевија публиката, но најмногу се зборува за гафот на оваа пејачка.
Имено, Ен Мари се сопнала и паднала од скалите додека излегувала на сцената, но покажала дека е вистински професионалец. Нејзината реакција стана вистински хит. Ниту една секунда не престана да пее, туку се однесуваше како ништо да не се случило.
Овој потег ги воодушеви нејзините фанови.
Сепак, сите беа загрижени за неа и се прашуваа дали ја скршила ногата, но набргу по настапот таа се огласи на Твитер и напиша: „Како да ми треба левата нога! Се чувствувам добро. Имам само неколку модринки и отоци. Ништо страшно!“