Пејачката Ријана (33) најави нова колекција долна облека „Savage X Fenty“ која ќе се најде во продажба за Денот на вљубените, а за таа прилика позираше во неверојатно провокативни комбинации.
Таа сега ја отвори својата прва продавница во Лас Вегас. Освен долна облека, ќе продаваат и спортска облека, но и козметика.
– Пред да купите цвеќе, погледнете ја мојата веб продавница – стои на страницата на нејзиниот бренд за сите оние кои ќе се одлучат за малку похрабар подарок.
Пејачката, а сега и претприемач, новата колекција ја промовираше на себе, а нејзиниот атрактивен изглед никого не остави рамнодушен.
Таа позираше во црвено трико со длабоко деколте и гол грб, кој ѝ е врзан над градите. Дизајнот на тантела го искомбинирала со мрежести најлони во иста боја. Целата оваа секси комбинација ја заокружи со црно-црвена фризура.
На една од фотографиите се залепила за кристалните лустери кои како да служат како рачка. А својата комбинација целосно ја усогласи со зимскиот амбиент. Белата долна облека ја искомбинирала со латекс халтери во иста боја, а целата комбинација ја комплетирала со сребрени потпетици и бела јакна.
„Презгодна“, „Кралица“, „Колку е секси“, се само дел од коментарите на фановите на нејзината објава.
Да потсетиме, Ријана ја започна својата модна приказна по козметиката, уште во 2008 година, кога нејзините брендови само пораснаа. Жените во светот го обожаваат бидејќи се заснова на инклузивност и нуди многу широк спектар на големини на долна облека, како и нијанси на пудри и кармини.