Александра Холден се појави во „Friends“ во 1999 година како ученичката Елизабет и ја играше девојката на Рос Гелер. Во тоа време таа беше дури 12 години помлада од него.
Кариерата ја започна во филмот „The Last Time I Committed Suicide“ од 1997 година, а по „Friends“ глумеше во серии како „Ally McBeal“, „Franklin & Bash“ и многу други. Повеќето ја паметат по улогите во филмовите како: „Wishcraft“, „Lovely Molly“, „Dead End“ …
Александра денес има 44 години, а неодамна зборуваше за улогата во култната серија „Friends“.
Во таа прилика изјавила дека и е чест да глуми во серијата, но ѝ даде и одредена замерка.
– Ме поканија да читам со Дејвид Швимер, каде што требаше да ја покажам ‘хемијата’ меѓу нас двајца. Беше страшно бидејќи продуцентите ми рекоа да влезам и да изгледам предизвикувачки. Не знаев што да правам со таа информација, но брзо го фатив ритамот. Сега, кога сум постара, не би била толку среќна да добијам ваков тип на упатства- изјави Александра.