Пејачката на социјалните мрежи сподели две приказни за чие значење сите шпекулираат, а сега дознавме што сакала да каже во една од објавите.
Пејачката Јелена Карлеуша ја заинтригира јавноста кога сподели две приказни во кои сподели зборови кои ги потресоа сите.
Многу медиуми нејзината приказна ја поврзуваат со тоа што сакала да му се обрати на сопругот Душко Тошиќ, бидејќи во приказната се вели:
– Сѐ што сакам ме казнува.
Меѓутоа, и други приказни направија вистински хаос. После ова, таа сподели приказна на која напиша „ЈА“.
Веројатно факт е дека приказните на Јелена се поврзани со нејзиниот албум, имено под првата имаше таг Alpha, а откри што значи зборот „ЈА“:
Пред нејзиниот новогодишен настап пејачката во едно интервју беше прашана дали може да открие што ги чека нејзините слушатели и дали нејзините песни носат важна порака во општествено одговорна смисла, таа рече:
– Многу песни имаат храбар текст, а малку музички личности се задржале на тие теми. Ќе има болни, автобиографски моменти. Ексклузивно ви откривам дека една песна ќе се вика „Ја“!
Како ви се допаѓа насловот на нејзината песна?