Никогаш не се опоравија од загубата!
Пејачот Тоше Проески трагично загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година.
Тоше зад себе остави бројни хитови кои и денес се многу популарни, а и по 14 години од неговата смрт, пријателите, обожавателите и семејството често го споменуваат и се сеќаваат на моментите кои ги споделиле.
Сега на Инстаграм се појави фотографија каква што јавноста досега не видела. Имено, Тоше на споменатата слика е во прегратките на своите родители кои никогаш не се опоравиле од загубата на синот и кои никаде не се појавуваат откако Тоше го нема.
Да се потсетиме, Тоше е роден во 1981 година, а кариерата официјално ја започна во 2004 година. Успесите продолжија да се редат. Песни, албуми, популарност и учеството на Евровизија, соработка со многу имиња од светот на музиката. За жал, сè престана прерано во 2007 година.