Вреди да се проба
Обавезно користете микрофибер крпи.
Чистењето е секогаш тешко.
А уште потешко е ако не ги совладате малите трикови.
Кога станува збор за чистење на телевизорите и далечинските управувачи, користењето на правилните ткаенини е од клучно значење.
Поточно, микрофибер крпи, бидејќи не го оштетуваат екранот и едноставно впиваат прашина.
Сепак, треба да се забележи уште еден детал.
Избришете ја целата површина на телевизорот со микрофибер крпа – екранот, копчињата долу или од страна, како и позадината на телевизорот на која обично има најмногу прашина. Ова треба да се прави еднаш неделно, и почесто ако имате време.
Сепак, најважно е да не нанесувате никакво вистинско средство на телевизорот, туку прво да го нанесете на крпа, па дури потоа на екранот. Но, и тука е потребна доза на претпазливост. Имено, течноста не треба да содржи амонијак, алкохол или ацетон кои би можеле да го уништат екранот. Најдобро е далечинскиот управувач да се исчисти со влажна крпа за дезинфекција, а најважно е да ги избришете копчињата, како и вдлабнатините околу нив.