Јелена Карлеуша овој пат ги воодушеви оние дами кои сакаат „помирен стил“.
Пејачката Јелена Карлеуша во јавноста најмногу се појавува во екстравагантни модни комбинации и сценски костими кои подоцна ги копираат светските ѕвезди, но обожава и софистицирани парчиња кои зрачат со елеганција.
Јелена Карлеуша во сведен стајлинг
Јелена имаше судење со пејачката Светлана Ражнатовиќ во Вториот основен суд во Белград, па се појави во костум, но нејзиниот стајлинг не беше помалку интересен.
Понесе сив костум со поширок крој. Модел кој целосно ги освои сите пролетни ревии. Јелена реши да зачекори во новата модна сезона токму во еден таков костум. Под сакото носеше црна ролка – комбинација со која нема грешка, а и панталоните беа со широки ногавици за кои толку се зборува.
Со сето тоа искомбинира црни мокасини од Гучи и чанта околу половината во иста боја. Таа ја собра косата во елегантна, ниска пунџа, со пуштени предни прамени.
Веруваме дека во наредните денови ќе гледаме се повеќе сличен избор на облека.