Брзо решение: Олеснете ја болката во вкочанетиот врат со едноставен трик од 60 секунди

popara24 октомври, 20231min00
65446_vrat-bol-shutterstock-1061485943_f

1. Чекор

Најдете го болното место на вратот со прстите, користејќи ја десната рака ако болката е на десната страна или левата рака ако е на левата страна на вратот.

2. Чекор

Притиснете го болното место со прстот или прстите (во зависност од површината). Болката мора да биде силна, но поднослива. Ако не можете добро да стигнете до местото, користете тениско топче или сличен реквизит наместо прстите.

3. Чекор

Полека свртете ја главата спротивно од вкочанетата страна и навалете ја и свртете ја дијагонално, како да сакате да ја допрете пазувата со брадата. Останете во оваа позиција 10 секунди, а потоа опуштете се. На овој начин го затегнувате вкочанетиот мускул, а со притисок постепено ќе го опуштате. Постапката повторете ја десет пати по ред.

Оваа процедура ќе ви ја намали болката во вратот, но доколку се повтори, задолжително посетете лекар специјалист за да ја откриете причината и да добиете соодветна терапија која долгорочно ќе го реши проблемот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma