Дали витаминот Ц навистина може да помогне во спречување на настинки и грип?

popara2 октомври, 20231min00
Витамин Ц

Многумина тврдат дека витаминот Ц помага да се спречи почетокот на зимските болести, други велат дека овој витамин ги олеснува симптомите и им помага побрзо да закрепнат доколку се разболат.Дали витаминот Ц е лек за настинка и грип? Од каде доаѓа оваа идеја? Врската помеѓу витаминот Ц и имунолошкиот систем е добро воспоставена, во смисла дека ова е есенцијален витамин кој ни е потребен за правилно функционирање на нашиот одбранбен систем.

Улогата на витаминот Ц во нашето тело
Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој придонесува за зачувување на виталноста и отпорноста на телото. Експертите укажуваат дека витаминот Ц не е важен само за силен имунолошки систем, туку и витамин кој игра важна улога во синтезата на железо и метаболизмот на хемоглобинот. Доволна количина на витамин Ц во нашето тело е важна за одржување на општото здравје. Оваа врска беше откриена пред некој да ги идентификува или нарече витамини со ова име, кога беше откриено дека морнарите во 18 век можеле брзо да се опорават од скорбут кога јаделе агруми, за кои сега знаеме дека се богати со витамин Ц. Сега знаеме дека овој витамин е од клучно значење за синтезата на колаген – помагајќи ни за заздравување на нашата кожа и одржување на коските, тетивите и крвните садови – и ни помага да го апсорбираме железото од храната што ја јадеме. Исто така е антиоксиданс, ги штити клетките од оштетување предизвикано од штетните слободни радикали и го намалува оксидативниот стрес. Идејата за дополнување со витамин Ц веројатно произлегува од фактот дека тој не се складира во телото, мораме редовно да го внесуваме преку храна и пијалоци за да го одржиме неговото ниво.

Дали додатоците на витамин Ц ни помагаат при настинки и грип?
Знаеме дека витаминот Ц е добар за имунитетот. Сепак, помалку е јасно дека додатоците помагаат во спречување или лекување на симптомите на настинка и грип. И покрај речиси едновековното истражување, доказите сè уште се доста измешани. Се чини дека редовното земање на витамин Ц како додаток не спречува настинки или грип кај повеќето луѓе. Има исклучок: спроведени се студии на луѓе кои биле под екстремен физички стрес, како што се маратонци и војници во субарктички услови, каде што било откриено дека ако учесниците почнале да користат витамин Ц две до три недели пред нивните напорни активности, ризикот од заболување од настинка е намален за околу половина. За оние од нас кои не сме субарктички војници или маратонци, доказите од бројни студии покажуваат дека земањето витамин Ц не спречува настинки. Меѓутоа, редовното земање пред настинка може да го скрати времетраењето на болеста за околу 10 проценти. Откриено е и дека луѓето кои секогаш земале витамин Ц имале малку поблаги симптоми на настинка. Се чини дека ова е особено важно кај децата. Од друга страна, земањето витамин Ц по појавата на симптомите на настинка веројатно нема да има голема корист. Затоа што не треба да заборавиме дека витамините не се лек туку дополнителна поддршка за нашиот одбранбен систем.

А што е со липозомалниот витамин Ц?
Се чини дека липозомалниот витамин Ц добива на популарност. Тоа е форма на витамин Ц инкапсулиран во липозоми (мали честички слични на маснотии).Спроведено е истражување кое ја испитува ефикасноста на примената на оваа форма на витамин Ц и сугерира дека постојат изгледи телото подобро да го апсорбира. Сепак, останува непознато дали има некакви придобивки во однос на спречување на појава на настинки и грип.

Дали има некои негативни страни за користење на витамин Ц?
Земањето каков било додаток, вклучително и витамин Ц во многу високи дози (повеќе од 2.000 милиграми дневно, што се смета за безбедна горна граница) може да предизвика дијареа и други дигестивни проблеми. Важно е да се напомене дека таков ризик не постои кога внесуваме витамин Ц преку храната. Единствениот друг недостаток е всушност тоа што не прави ништо, а вишокот едноставно го излачувате во форма на, како што сакаат да кажат нутриционистите, „скапоцена урина“.

Ако не витамин Ц… што друго може да биде неговата замена?
Не постои магичен препарат кој ќе не заштити од вирусни заболувања (кои главно сите досега ги научивме). Но, здравствените експерти истакнуваат дека грижата за себе му помага на нашиот имунолошки систем да остане во врвна форма, така што кога ќе нè погоди вирус, можеме да се бориме со него.

Нутриционистите се согласуваат и предупредуваат дека издвојувањето на еден витамин како решение за одбрана од вируси и бактерии не е добар пристап. Бидејќи силата на нашиот имунолошки систем се состои од витамини, минерали и фитонутриенти – кога се заедно. Затоа, нема докази дека витаминот Ц сам по себе може да биде единствената „одбрана“.

Нутриционистите исто така истакнуваат дека најдобриот начин да ги внесеме нашите витамини – вклучувајќи го и витаминот Ц – е преку храна. Агрумите и другите шарени овошја и зеленчуци се корисни, а ако ги конзумираме во поголеми количини во нашата чинија значи дека ќе ги достигнеме препорачаните дневни дози на витамини и минерали.Исто така, при подготовката за „борбата“ со настинката и грипот, во зајакнувањето на имунитетот, не треба да се заборават и други важни работи, како што се: физичка активност, доволно часови сон, намалување на внесот на алкохол и откажување од пушење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma