Дали сте само загрижени или -вознемирени?Симптоми кои укажуваат дека имате посериозен проблем отколку што се сомневате

popara13 ноември, 20231min00
Симптоми на анксиознот

Зборот „анксиозност“ последниве години често се слуша и се користи прилично лесно, а експертите истакнуваат дека тоа е состојба која јасно се препознава.

Знаете како оди – нешто ви се појавува во главата и не можете да ја размрдате мислата или чувството на вознемиреност.На сред ноќ почнувате детално да ја планирате презентацијата што ќе ја одржите на работа следниот ден.За време на работата почнувате опсесивно да ги „гуглате“ симптомите на болеста за која се сомневате дека ја имате,на работ на солзи.

Сите сме се нашле во такви ситуации,а многумина се запрашале дали таквите ситуации се обична и сосема нормална грижа или знак за подлабок проблем.Разликата помеѓу грижата и анксиозноста понекогаш може да биде тешко да се анализира бидејќи зборот „анксиозност“ се повеќе се користи лесно и се зема здраво за готово.Сепак, не е толку тешко да се препознае бидејќи штом ја вклучите пошироката слика во оваа дилема – јасно е дека анксиозноста е проблем кој бара многу работа на себе,а понекогаш и обраќање кон професионалец.

Што е анксиозност?

Ако често сте загрижени,чувствувавте нелагодност во стомакот додека ги чекавте резултатите од тестот,имате чувство дека нешто страшно ќе се случи во секој момент,приближно можете да замислите каков е животот на анксиозен човек.

Секој доживува анксиозност од време на време,вклучувајќи ги и децата и возрасните,а за повеќето тоа е чувство што доаѓа и си оди.Обично трае многу кратко,од неколку минути до неколку дена.

Меѓутоа,во некои случаи, увството на вознемиреност не е минлива работа што се случува поради грижи или стрес на работа. Може да не исчезне дури и по многу недели,месеци или години и да стане нешто со кое треба да живеете,а со текот на времето може да се влоши и анксиозноста да стане толку силна што го попречува секојдневниот живот.

Ако тоа се случи,обично постои сомневање за анксиозно растројство и многу е важно да се јавите кај стручно лице за помош.

Кои се симптомите на анксиозност?

Знаците на анксиозност се разликуваат од личност до личност,пишува медицинската платформа Healthline,а телото генерално реагира на анксиозноста на многу специфичен начин.

Симптомите на анксиозност, според Healthline, главно се:

-нервоза, немир, напнатост
-чувство на опасност,паника или страв
-забрзано чукање на срцето
-брзо дишење или хипервентилација
-зголемено или тешко потење
-тремор или грчење на мускулите
-слабост и летаргија
-тешкотија да се фокусирате или јасно да размислувате за нешто друго освен за она за што сте загрижени
-несоница
-дигестивни или гастроинтестинални проблеми,како што се гасови,запек или дијареа
-силна желба да избегнувате работи што ви предизвикуваат анксиозност
-опсесии со одредени идеи
-повторување на одредено однесување постојано и одново
-анксиозност поради одреден животен настан или искуство од минатото

Напади на паника

Кај анксиозните луѓе,но не само кај нив,може да се појават напади на паника,кои се ненадеен страв или вознемиреност која го достигнува својот врв за неколку минути.

– Главната разлика помеѓу анксиозноста и нападите на паника е времетраењето и интензитетот на симптомите.Анксиозноста може да трае долго и симптомите да бидат помалку интензивни,додека паниката обично трае помалку,но со исклучително силни симптоми.

– Нападот на паника е акутен напад на интензивна анксиозност кој може да трае од неколку минути до часовиСимптомите на паника може да вклучуваат хипервентилација,тресење,гушење,потење,губење на контрола и обезличување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma