Електронските цигари се поштетни и од обичните?

popara13 септември, 20231min00
Screenshot_6

Многу пушачи преминуваат на електронските цигари како помалку штетна алтернатива, но дали тие навистина се помалку штетни од обичните цигари?

 

 

 

Според ново истражување, луѓето што пушат електрични цигари, исто така, имаат промени во својата ДНК кои се поврзуваат со рак, иако тие промени се помалку изразени.

 

Како што покажуваат резултатите од истражување објавено во списанието „Нејчр“, пушењето електронски цигари предизвикува промени во ДНК кои долгорочно може да предизвикаат рак. Сепак, овие промени се дури 7,4 пати помали од оние кај пушачите на обични цигари.

 

Истражувањето зело предвид само промени забележани во одреден период, притоа не земајќи ги предвид надворешните фактори и промените во однесувањето. Конкретно, многу луѓе користат електронски цигари како преоден чекор кога се обидуваат да се откажат од навиката, а истражувањето претпоставува дека испитаниците ќе ја задржат навиката, односно ќе продолжат да пушат електронски цигари.

 

Затоа, иако електронските цигари може да бидат помош во одвикнувањето од цигари, треба да се знае дека тие не се целосно безбедни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma