Жалост и тага! Се огласи сопругата на Брус Вилис: Тешки времиња за семејството, еве каква е состојбата на актерот

popara27 септември, 20231min00
Screenshot_4

Актерот Брус Вилис боледува од фронтотемпорална деменција, која му предизвикува проблеми со говорот и меморијата, како и разни промени во чувствата и однесувањето. Неговата дијагноза со јавноста беше споделена на почетокот на годинава, а сопругата Ема Хеминг Вилис овојпат во емотивно интервју проговори за борбата низ која минуваат како семејство, пишува „Дејли мејл“.

 

 

 

 

Додека разговараше за справувањето со тагата со која се соочува, таа сподели детали за тешката здравствена состојба на Брус, воздржувајќи се да не заплаче. Ема призна дека е „тешко да се знае“ дали тој воопшто е свесен или не за својата болест.

 

„Она што го учам со текот на времето е дека деменцијата е тешка. Тешко е за личноста со оваа дијагноза, тешко е и за семејството. И не се разликува ниту за Брус, ниту за мене, ниту за нашите ќерки. И кога велат дека тоа е семејна болест, навистина се во право“, изјави таа во емисијата „Тудеј“.

 

Брус со својата сопруга ги има ќерките Мејбел и Евелин, додека од бракот со актерката Деми Мур ги има ќерките Румер, Скаут и Талула. Ема во интервјуто раскажа како им кажала на децата за дијагнозата на нивниот татко.

 

„Ние сме многу отворено и чесно семејство. И најважно беше да им се објасни што претставува оваа болест од медицински аспект. Важно беше да им се каже за што се работи, бидејќи не треба да има никаква стигма поврзана со дијагнозата на нивниот татко или каква било форма на деменција“, истакна Ема.

 

Раскажуајќи за нивниот сегашен живот, таа го опиша својот сопруг како „најголем подарок“. Додаде дека сите, како семејство, станале посилни, поотпорни и уште повеќе се сакаат, откако на Брус му била дијагностицирана деменција.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma