Бразилската манекенка Жизел Бундшен објави низа атрактивни фотографии и видеоснимки, кои се дел од новата кампања на бразилскиот бренд за чевли и модни додатоци – „Арецо“.
На едно од видеата, Бундешн е облечена во црно трико со длабоко деколте и црни високи чизми и танцува на стриптиз шипка. Ова е нејзино поразголено издание во споредба со неодамнешните фотографии кои ги направи за модното списание „Вог“.
За потребите на кампањата, славната Бразилка смени неколку модни комбинации – црн мини фустан со долги ракави, сребрен фустан со реси кои потсетува на модата од дваесеттите години на минатиот век, провокативен црн фустан кој не остава многу на фантазијата и каубојски чизми, црн комбинезон во комбинација со мокасини итн.
Тоа што е исто во сите модни комбинации е нејзината права руса коса и шминката, која е дискретна, но впечатлива.
ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.
Оваа кампања многумина ги потсети на деновите кога Бундшен беше една од „ангелите“ на „Викторија сикрет“ и важеше за една од најубавите млади манекенки, покрај Адријана Лима и Алесандра Амбросио. Таа беше дел од нивните кампањи од 1999 до 2006 година.