ЗА ВАШИТЕ ЗАВЕСИ ПОВТОРНО ДА ЗАБЛЕСКААТ! Еве како да им ја вратите старата белина!

30 септември, 20230
Screenshot_5

Завесите можат брзо да ја изгубат белината поради фактот што во просторијата се пуши, пали огин или готви, па брзо добиваат мирис и боја. Без грижи, лесно можете да им го вратите стариот сјај

 

 

Првото нешто што треба да направите е да ги тргнете од корнизата.

 

Внимателно откачете ги по ред сите штипки и прво добро протресете ја завесата бидејќи така ќе се отстрани добар дел од прашината. Потоа уредно преклопете и тргнете ја за да не ви смеа додека ја чистите просторијата. Не е добро завесата да стои некаде во аголот, несредена стуткана, бидејќи во спротивно ќе имате проблем со пеглањето.

 

Исто така, немојте веднаш да ги ставате завесите во машината за перење. За тоа треба да го почекате моментот кога средувањето на собата е при крај.

 

Доколку завесите не се испрани долго време или забележите дека впиле многу чад од тутун, станале сиви или пожолтени, прво натопете ги во ладна вода во која сте додале грст сол. Оставете ги завесите натопени барем половина час, а потоа исплакнете ги и продолжете со перење според материјалот од кој се сошиени.

 

Многу е важно никогаш да не ја полните машината кога ги перете завесите. Значи, правило е – една завеса, едно перење. Во преполн барабан, завесите ќе бидат премногу стуткани, па пеглањето ќе биде тешко.

 

 

Плакнење на завесите:

 

Ако ги перете завесите на рака, не ги цедете премногу. Идеално е кога оваа работа можете да ја работите во дворот, а некои домаќинки откриле дека за тоа е идеален и мал детски базен! Со цревото плакнењето е лесно и брзо, а кога ќе ги повлечете завесите преку жицата, ќе бидат речиси како пеглани. Во последната вода за плакнење можете да додадете и малку алкохолен оцет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma