Лекарите предупредуваат дека не треба да ги игнорирате овие телесни мириси – Некои може да укажуваат и на рак

popara7 април, 20231min00
676 (1)

Невообичаениот мирис на телото, без разлика за кој дел од телото се работи, може да ги предупреди лекарите за потенцијални здравствени проблеми кои треба да се лекуваат што е можно поскоро, па дури и за рак, пишува порталот „The Healthy“.

Еве што можат да сигнализираат сите тие карактеристични мириси:

Пот со непријатен мирис кој не исчезнува

Ако дури и туширањето не може да го намали мирисот на вашето тело, тоа може да биде знак за недостаток на магнезиум. – Магнезиумот е минерал кој помага во чистење на нашите внатрешни органи, и во решавање на непријатниот мирис на телото – вели кардиологот Роберт Сегал.

Како што објаснува тој, кога консумираме премногу кофеин, шеќер или преработена храна, тоа може значително да го намали нивото на магнезиум. Ако не мирисаме баш свежо и имаме други симптоми како грчеви во мускулите или вкочанетост и пецкање, експертите препорачуваат дека би било добра идеја да го провериме нивото на магнезиум во телото.

Преинтензивна смрдеа на телото

Ако имате дигестивни нарушувања како што е Кронова болест или улцеративен колитис, може да имате и сериозен недостаток на цинк, велат лекарите. Имено, цинкот му помага на нашето тело да управува со отпадот и токсините, вели д-р Сегал, а кога е присутно дигестивно нарушување, телото може да не го апсорбира минералот како што треба. Како резултат на тоа, недостатокот на цинк може да резултира со интензивен мирис на телото, особено лош здив.

Лош здив кој смрди на расипани јајца

Ако правилната дентална хигиена не може да го отстрани непријатниот мирис кој наликува на расипани јајца од вашата уста, предупредува д-р Сегал, тоа може да биде бактериска инфекција. Како што тврди тој, тоа би можело да биде предизвикано од бактерија наречена H. pylori која може да живее во нашиот дигестивен систем. Кај некои луѓе тоа не предизвикува забележителни симптоми, додека кај други може да доведе до целијачна болест, чир, па дури и рак на желудникот.

Непријатен мирис од носот

Како што објаснува д-р Кетлин Р. Мекдоналд, непријатните мириси од носот најчесто се поврзуваат со нашите синуси или грло. – Назалната смрдеа се јавува поради различни медицински состојби, како што се постназално капење, каменец во крајниците, расипани заби, инфекции на синусите и полипи во носот.

Необичен мирис кој доаѓа од увото

Покрај носот, многу луѓе чувствуваат и непријатен мирис што доаѓа од увото.

– Доколку имате многу смрдлив и непријатен мирис во ушите, најверојатно страдате од некаква инфекција, а токму тоа доведува до споменатата остра арома – објаснува др. Мекдоналд. – Уште еден пример за ова е кога имате поткожно влакно или лојна циста, а кога таа иритација или инфекција ќе пукне, нуспроизводот внатре речиси секогаш има многу непријатен мирис.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma