Луѓето со ОВАА КРВНА ГРУПА имаат поголем ризик за МОЗОЧЕН УДАР

popara22 декември, 20231min00
shutterstock_605967794

Нова анализа направена од истражувачи од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Мериленд покажува дека крвната група  има улога во ризикот од мозочен удар на млада возраст.

 

 

 

 

Во анализата биле земени предвид сите информации од генетски студии за мозочни удари кај лица на возраст под 60 години кои биле предизвикани од блокирање на крвотокот кон мозокот.

 

Според Стивен Џ. Китнер, професор по неврологија на факултетот и невролог, има малку истражувања за причините за мозочен удар на рана возраст иако бројот на лица што добиваат мозочни удари на помлада возраст расте.

 

Во анализата, истражувачите користеле податоци од 48 истражувања во кои биле вклучени 17.000 пациенти и 600.000 здрави лица.

 

Анализата покажала дека лицата со крвна група А имаат 16 отсто поголем ризик за добивање мозочен удар на помлада возраст отколку оние со други крвни групи. Најмал ризик имаат лицата со крвна група 0.

 

Меѓутоа, истражувачите посочуваат дека разликите помеѓу крвните групи не се големи и затоа лицата со крвна група А не треба да се грижат или да прават повеќе прегледи само врз основа на податоците од истражувањето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma