Белата постелнина може да се најде во секое домаќинство. Експертите долго време веруваа дека е важно со какви бои сме опкружени затоа што и тие потсвесно влијаат на нас. Покрај бојата на ѕидовите од собата, на квалитетот на сонот може да влијае и бојата на постелнината, а белата, сметаат тие, не е добар избор.
Дороти Чемберс тврди дека резултатите од истражувањето кои сугерираат дека неутралните бои се најдобриот избор за домот, не се однесуваат на бојата на постелнината:
– Кога зборуваме за постелнина, најдобри нијанси се жолтата, портокаловата, црвената и црната. Избегнувајте бела и светло сина постелнина – објаснува Дороти. Некои експерти веруваат дека овие бои можат да влијаат на нивото на мелатонин, хормон кој се лачи во текот на ноќта. Овие тонови можат да влијаат и на циклусот сон-будење.
– Пред да ја преуредите спалната соба, размислете не само како бојата ќе изгледа на ѕидот, туку и како таа ќе влијае на вас – додава Чемберс.
Слично мислење има и Александар Бургместер, невропсихолог.
– Иако ткаенината и квалитетот на постелнината се важни и бојата е важна за добар сон. Најдобро е да користите постелнина со потемна боја за подобар сон – смета Александар.
Бургместер смета дека сивата и темнозелената постелнина се одличен избор за подобрување на навиките за спиење. Тој објаснува дека светлите бои можат да го нарушат сонот бидејќи предизвикуваат напрегање на очите додека телото се релаксира.