Несоница: 10 знаци дека ви треба помош од доктор заради проблеми со спиењето

popara1 мај, 20231min00
62535144-kronicna-nesanica-velik-je-problem

Проблемите со сонот одамна се секојдневна појава за многу луѓе, а едно од најсериозните и најраспространетите нарушувања на спиењето е несоницата. Спаѓа во групата на болести на нервниот систем. Се карактеризира со потешкотии при спиење, многу лесен сон и чести будења во текот на ноќта со потешкотии во повторното влегување во состојба на спиење.

Несоницата се дели на минлива или краткотрајна, повремена и хронична, односно постојана.

Кога првпат ни е тешко да заспиеме, обично посегнуваме по апчиња. Меѓутоа, во случај на повремена и хронична несоница, многу е важно да се открие што всушност ја предизвикува, бидејќи зад неа може да се кријат цела низа здравствени проблеми. Долготрајната употреба на лекови без стручен надзор може само да ја влоши ситуацијата.

Затоа е важно навреме да препознаеме кога тоа е само привремен проблем предизвикан од стрес или состојба која не исчезнува и негативно влијае на нашата општа физичка состојба. Во продолжение прочитајте кои знаци јасно укажуваат дека треба да одиме на лекар поради несоница.

Контактирајте со вашиот лекар за помош ако:

– несоницата трае подолго од четири недели без прекин
– проблемите со спиењето влијаат на вашата способност да функционирате во текот на денот
– лесно ја губите концентрацијата
– имате киселини што ве спречуваат да заспиете
– од сонот ве буди болка
– чувствувате отежнато дишење
– се будите со чувство на немир, страв и/или паника
– забележувате големи промени во вашето расположение и се борите со депресивни мисли
– немате апетит или енергија
– земате лекови кои можат да предизвикаат несоница

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag