Шпанската влада усвои закон со кој на жените со особено болни менструални циклуси им дозволува да земаат платено „менструално отсуство“ од работа, со што стана првата европска земја што воведе ваков закон.
Законот предвидува право на тридневен менструален одмор со можност за продолжување за уште два дена за жените кои имаат проблематичен циклус, кој може да предизвика сериозни грчеви, вртоглавица, гадење и повраќање, а потребна е и лекарска потврда за остварување на ова право.
Како што објави ABC, законот е дел од поширокиот пакет закони за сексуални и репродуктивни права, кој вклучува мерка со која граѓаните на возраст од 16 и повеќе години можат да абортираат или да го променат полот во документот за идентификација.
Според новиот закон, владата ќе обезбеди бесплатни санитарни производи за жените во одредени јавни институции како што се образовните институции и затворите.