ПОРАДИ ОВИЕ ЛОШИ НАВИКИ МОЖЕ ДА СЕ РАЗБОЛИТЕ: За некои не сте ни свесни колку се важни

popara2 април, 20231min00
profimedia-0558859832

Грижата за хигиената е исклучително важна за негување и на физичкото и менталното здравје. Само помислете колку се чувствувате опуштено по топол, смирувачки туш или топла бања со етерични масла, Но, дали знаевте дека лошата хигиена е многу лоша за вашето здравје?

 

 

 

Мајк Бол, директор за медицинска содржина и едукација во Ro, сертифициран тренер за исхрана и сертифициран личен тренер, сподели четири лоши хигиенски навики од кои може да се разболите, пишува EatThisNotThat.

 

Еден од најлесните начини да се разболите без да сфатите дека е да сте свесни. Микробите не мора да претставуваат опасност за самите раце, туку за деловите од вашето тело што ги допираат вашите раце доколку не ги измиете.

 

– Кожата делува како релативно добра бариера против заразните материјали, но микробите можат многу полесно да навлезат во телото преку мукозните мембрани, како што се внатрешноста на носот, устата и очните капаци. Значи, ако не сте ги измиле рацете и не сте го допреле лицето, можеби во вашето тело внесувате бактерии кои предизвикуваат болести – истакнува др. Бол.

 

Не ги миете сите делови од телото за време на туширањето

 

Чистењето на секој дел од телото при туширање или капење е важно кога станува збор за избегнување на болести.

 

– Ова вклучува чистење на пазувите, под градите, околу препоните и секаде каде што имате кожни набори. Кожните набори кои може да се почести кај дебелите луѓе и може да бидат влажни, дозволувајќи им на бактериите да напредуваат. Ако не ги исчистите темелно, може да се загрози бариерата на вашата кожа, а во кожните набори може да се развие инфекција – објаснува др. Бол.

 

Не користите конец за заби

 

Конецот е навистина суштински чекор за добра орална хигиена и не треба да се занемарува.

 

– Кога ги миете забите, сè уште постои можност меѓу забите да останат остатоци од храна каде што четката за заби не може да стигне, а тоа на крајот може да доведе до расипување на забите и други проблеми со оралното здравје – предупредува д-р Бол.

 

Премногу го миете лицето

 

Апсолутно треба да го чистите лицето секој ден за да ги отстраните маснотиите, шминката и нечистотијата, но не претерувајте! Миењето на лицето повеќе од два или три пати на ден може да предизвика компликации.

 

– Ако премногу пати на ден го миете лицето со средство за чистење, можете да ги отстраните природните масла од кожата, кои во некои случаи можат да бидат исто толку проблематични како и недоволното миење, па дури и да ги влошат акните – тврди др. Бол.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma