Причините се различни: Што доведува отечени нозе?

popara25 април, 20231min00
Screenshot_1

Отекувањето на нозете може да биде безопасно, но може да биде и знак на низа здравствени состојби и болести.

 

 

 

 

Оток може да се појави во областа на целата нога, а најчесто тоа е оток околу зглобовите и генерално на долниот дел од ногата. Важно е веднаш да се обратите кај лекар за да ја откриете и третирате причината за проблемот.

 

Зошто се појавува оток на нозете?

Оток на нозете може да се појави поради стоење на нозе цел ден или поради долго седење во автомобил или авион. Ова е честа појава кај бремени жени, луѓе со прекумерна тежина и се јавува како резултат на земање на одредени лекови како антидепресиви, стероиди, аспирин или ибупрофен. Еве уште неколку причини за оток на нозете:

 

  1. Задржување на течности (едем)

 

Едемот се јавува кога ткивата или крвните садови на нозете имаат повеќе течност отколку што им треба и е предизвикано од седење или стоење цел ден.

 

  1. Воспаление или повреда

 

Нозете може да отекуваат и поради разни воспаленија, како што е артритисот, но и поради скршени коски и истегнати лигаменти, како и појава на одредени рани кои полека заздравуваат.

 

  1. Проблеми со крвните садови

 

Најпозната причина за оток и болка во нозете е длабока венска тромбоза, која се јавува кога има тромб во вената на ногата.

 

  1. Проблеми со бубрезите

 

Кај бубрежни заболувања и кога бубрезите ја задржуваат водата што треба да се исфрли од телото, има акумулација на таа вода во рацете или нозете. Последица е оток на нозете, а може да се појават и некои други симптоми како што се отежнато дишење, гадење, жед или чести модринки.

 

  1. Цироза на црниот дроб

 

Цироза на црниот дроб најмногу се јавува како резултат на прекумерно пиење алкохол или како резултат на хепатитис Б или Ц, и може да предизвика слаба циркулација во нозете и зглобовите, а потоа да доведе до оток на нозете. Покрај цирозата, на отокот може да влијаат и други заболувања на црниот дроб.

 

  1. Хормонални промени

 

Осцилациите на нивото на хормоните естроген и прогестерон за време на менструалниот циклус или бременоста може да доведат до слаба циркулација на нозете, а тоа пак резултира со отекување на нозете.

 

 

Како да се третира отокот на нозете?

Пред сè, обидете се да направите некои промени во вашиот секојдневен живот што може да го намали отокот. Ова вклучува јадење помалку сол.

 

Вежбањето исто така може да помогне, како и специјалните чорапи за компресија. Кога стоите или седите подолго време, важно е да станувате и да одите почесто, да ја менувате положбата на телото и да се истегнувате.

 

Држењето на нозете подигнати кога седите или легнувате исто така може да помогне.

 

Кога да одите на лекар?

Ако по овие промени состојбата не се подобри, потребно е да се посети лекар за да се открие причината за проблемот.

 

Исто така, ако отекувањето на нозете е придружено со други симптоми како што се болка во градите, отежнато дишење, вртоглавица, треска, болка и црвенило на отечената област или кога состојбата одеднаш се влошува, веднаш одете на лекар.

 

Терапија

Во зависност од причината за отокот, проблемот може да се реши со помош на специјални таблети кои ќе помогнат во исфрлање вода од телото, понекогаш физикалната терапија може да помогне како кај артритисот, а кај благиот оток можеби нема да биде потребен третман.

 

Значи, оток на нозете може да биде резултат на различни работи. Од стоење предолго до одредени болести. Важно е да реагирате и да отидете на лекар, а потоа и да ја примените препишаната терапија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag