Професионален електричар ја решава дилемата: Кога да го вклучите бојлерот за сметката за струја да биде двапати пониска

popara24 ноември, 20231min00
18308_shutterstock-792077194_f

Дали е подобро да го исклучите бојлерот или да го држите постојано вклучен и како да заштедите, е дилемата која ги мачи сите што сакаат да ја намалат сметката за струја.

Темата за бојлерите и потрошувачката е секогаш актуелна. Некој ќе ви каже дека е многу порационално да го оставите бојлерот вклучен цел ден и ноќ, бидејќи тогаш тој не мора да ја загрева целата вода, туку само ја одржува топлината, а други ја застапуваат теоријата дека најдобро е да се вклучи само кога е потребно.

Апсолутно не е точно дека е подобро за паричникот да го држите постојано вклучен бојлерот. Се разбира, сè зависи од бројот на членовите на домаќинството. Затоа, ако се работи за самец или брачен пар, порационално е да се вклучи по потреба. Од друга страна, ако се работи за семејство со голем број членови, веројатно најзгодно им е да го имаат постојано вклучен бојлерот бидејќи на некој ќе му треба вода во секој момент.

-Важна улога игра и намената на бојлерот. Ако бојлерот е наменет само за туширање, тогаш има смисла повремено да го вклучувате, а ако се работи за бојлер со голем проток што го користите и за потребите на кујната, тогаш има смисла постојано да е вклучен бидејќи тогаш ќе најверојатно го исклучите многу ретко – велат експертите, а Утрински весник.

Затоа е поекономично да го вклучите кога е потребно, а секако, доколку веќе се грижите за заштедата, тогаш вклучете го кога тарифата е поевтина, додаваат професионални електричари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma