СОПРУГАТА НА ВИЛ СМИТ ПО 5 ГОДИНИ ПОКАЖА НОВА ФРИЗУРА! Поради БОЛЕСТА ја мачеше опаѓање на косата, погледнете како изгледа сега

popara12 август, 20231min00
Dzejda-Pinket-Smit-1-

Џејда Пинкет Смит, сопруга на холивудската ѕвезда Вил Смит, со години ја бричеше главата поради алопеција, состојба поради која ја изгуби косата. Сега таа ја покажа својата нова фризура на Инстаграм, покажувајќи како косата и пораснала. “Оваа коса овде делува како да се обидува да се врати. Имам уште неколку проблематични области, но ќе видиме”, напиша таа на својот профил.

Сопругата на Вил Смит за прв пат проговори за нејзиното опаѓање пред пет години. „Многу луѓе прашуваат зошто носам турбани. Па, не сум зборувала за тоа. Не е лесно да се зборува. Еден ден бев под туш и имав големи прамени коса во моите раце и само помислив „Боже мој, дали наскоро ќе бидам ќелава? Буквално се тресев од страв“, рече Џејда тогаш.

Таа веќе неколку години ја носи косата многу кратко затоа што во 2018 година и беше дијагностицирана алопеција. Тоа е болест која предизвикува опаѓање на косата. Иако може да се случи насекаде по телото, најчесто се случува на главата. Причините можат да бидат наследни, медицински или поради хормонални промени. Џејда јавно проговори за болеста и стравот, како и за терапијата која не и помогнала.

Да се потсетиме, минатата година Холивуд го потресе скандал кога комичарот Крис Рок се пошегува на сметка на нејзината кратка коса. Тој кажа дека ќе глуми во вториот дел од филмот „Џи Ај Џејн“, во кој Деми Мур е ќелава. Тоа беше моментот кога Вил Смит излезе на сцената и му удри шлаканица по лицето, што го пренесоа сите светски медиуми. Погледнете ја најновата фотографија што ја објави Џејда:

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag