Три напитоци КОИ ПОМОГНУВААТ ПОЛЕСНО ДА ЗАСПИЕТЕ – Се препорачува да ги пиете пред спиење

24 јануари, 20230
profimedia-0131959258

Сите сме свесни дека пиењето пијалоци кои содржат кофеин и големи количества шеќер пред спиење можат да предизвикаат несоница. А, дали знаевте дека постојат напитоци кои имаат потполно спротивен ефект и, освен што можат да го поправат сонот, го регулираат нивото на шеќерот во крвта и го забрзуваат согорувањето на мастите во телото?

 

 

Немирен, плиток и испрекинат сон има силно влијание на состојбата на нашиот организам. Токму поради тоа, ненаспиеноста е тесно поврзана со дебелеење и засилена желба по храна, хормонални промени, лошо расположение и зголемување на нивото на шеќер во крвта.

 

Освен стрес и болести, на сонот влијаат и нашите секојдневни прехрамбени навики, посебно храната и пијалоците кои ги конзумираме пред одење на починок.

 

И’ додека некои напитоци не држат будни и никако не се препорачливи пред спиење, други имаат потполно спротивен ефект т.е. освен што можат да го поправат сонот, ги јакнат мускулите, го регулираат нивото на шеќер во крвта и го забрзуваат согорувањето на маснотиите во телото.

 

  1. напитоци со кои лесно можете да дојдете до саканата цел – губење на овишните килограми:

 

 

  1. Млеко

Млекото од памтивек се користи како своевиден „диазепам“ пред спиење. Но, освен за децата, чаша млеко има влијание и на возрасните. Млекото помогнува побрзо да заспиете и да спиете подобро, а подобар сон значи и помала желба за храна. исто така на жените кои се физички активни добро ќе им дојдат протеините од млекото кои споро се разградуваат и така ги „хранат“ мускулите“ а не мрсното ткиво.

 

  1. Чај од камилица

Шоља топол чај од камилица пред спиење делува како средство за смирување. Овој вкусен напиток го поттикнува создавањето глицин – неуротрансмитер кој го опушта нервниот систем и делува како нежен седатив. Но, чајот од камилица пред спиење ја регулира и телесната температура и така помогнува побрзо и подобро „да се препуштиме“ на сонот, но го регулира и нивото на шеќер во крвта што е клучно ако сакате да ослабнете.

 

 

3.Сок или смути од грејпфрут

Иако овошните сокови не е препорачливо да се пијат пред спиење, сокот од грејпфрут е навистина исклучок. Само 100. милилитри сок од грејпфрут може да ви помогне и во текот на ноќта да ги согорувате маснотиите од телото. Овој горчлив напиток го регулира биолошкиот дневен ритам, а антиоксидансите од грејпот белата маснотија која ја собираат калориите ја претвора во кафеава маснотија која ги троши калориите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş