УБЛАЖЕТЕ ЈА АНКСИОЗНОСТА НА ПРИРОДЕН НАЧИН: Намалете го внесот на шеќер, сол и кофеин

popara11 октомври, 20231min00
Screenshot_7

Анксиозноста може да се лекува на различни начини, најчестата терапија се одредени лекови со препорака на психијатар, кои ги балансираат хемиските процеси во мозокот. Меѓутоа, постојат и природни начини со помош на кои може да ги ублажите симптомите.

 

 

 

 

Повремената анксиозност е нормална појава. Меѓутоа, многу од луѓето со анксиозно нарушување често имаат интензивно, пренагласено, упорно чувство на загриженост и страв од секојдневните ситуации.

 

Овие чувства на анксиозност и паника пречат во секојдневните активности, тешко е да ги контролирате, тие се реална опасност и можат да траат долго, пишуваат медиумите.

 

Освен медикаменти, психотерапија и други медицински третмани, постојат и природни начини со кои може да ги ублажите симптомите на анксиозност.

 

Бидете физички активни

Физичката активност го поттикнува лачењето на ендофринот и серотонинот, невротрансмитерите кои го ублажуваат чувството на стрес и напнатост, па го подобруваат расположението и со самото тоа можат да го намалат интензитетот на анксиозно нарушување.

 

Не консумирајте алкохол

Поради тоа што алкохолот може да делува како седатив, на почеток може да ги ублажи симптомите на анксиозност. Меѓутоа, истражувањата сугерираат дека долготрајната употреба на алкохол може да ја зголеми анксиозноста. Имено, хроничното консумирање алкохолни пијалаци може да ја нарушат атмосферата на невротрансмитерите кои позитивно влијаат на менталното здравје. Нивниот дисбаланс го зголемува интензитетот на симптоми на анксиозност.

 

Исфрлете ги високостимулативните намирници од исхраната

Од исхраната исфрлете ги високостимулативните намирници како оние кои содржат индустриски шеќер, кофеин, поголема количина сол, адитиви и конзерванси. Имено, ниското ниво на шеќер во крвта, дехидратацијата или хемикалиите во преработената храна, како што се вештачките ароми, вештачките бои и конзервансите, можат да предизвикаат промени во расположението кај луѓето.

 

Исхраната со високо ниво на шеќер, сол и кофеин исто така може да влијае на анксиозноста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma