Четири вообичаени знаци дека се развива АРТРИТИС

popara13 април, 20231min00
f_28666505_1280

Иако артритисот може да се развие на која било возраст, поверојатно е да се појави по 40-тата година, а уште поверојатно е ако близок роднина ја има болеста. Британската фондација за артритис соопшти дека постојат четири вообичаени предупредувачки знаци за состојбата.

Индикатори

Болката во еден дел од телото или насекаде е еден од класичните знаци, а ако чувствувате болка веднаш по будењето, откако ќе седнете на маса или ќе останете долго време во автомобил, голема е веројатноста да се работи за артритис.

– Сомнеж за воспаление на зглобовите предизвикува и утринската вкочанетост која трае подолго од еден час – наведуваат во Фондацијата за артритис.

Третиот индикатор е црвена и отечена кожа во зглобот, а местото е топло на допир.

– Отокот кој трае три дена или подолго или се јавува повеќе од три пати месечно треба да ве поттикне да посетите лекар – велат од Фондацијата. Четвртиот знак што може да укаже дека артритисот се развива е кога ви е тешко или болно да станете од столот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma