Што значи болка во стомакот лево, што десно,а што околу папокот? Важно е навреме да се открие дали состојбата е сериозна

popara28 септември, 20231min00
Абдоминална болка

Абдоминалната болка обично се смета за безопасен симптом, иако понекогаш може да укаже на посериозни состојби.

Во повеќето случаи,абдоминалната болка не е причина за загриженост и вака обично се нарекува секое чувство на болка во пределот помеѓу дното на ребрата и карлицата.

Повеќето од нив тоа го доживуваат во одреден период од животот,понекогаш многу често,а главно се поминува без последици или проблеми. Меѓутоа, во некои ситуации она што го чувствуваме како болка во стомакот може да дојде од друг орган во абдоменот или надвор од дигестивниот систем.Ваквите болки различно се опишуваат:како грчеви, печење, прободување,извиткување, тапа, остра.Во секој случај,болката во пределот на стомакот може да се појави ненадејно,или акутно,потоа како нешто што се чувствува повремено,но и константно,симптом кој останува стабилен или се влошува со текот на времето.

Зошто ме боли стомакот?

За да знаете дали има причина за загриженост и да му помогнете на вашиот лекар по избор да утврди што е проблемот,важно е правилно да се идентификуваат болките во стомакот. Тоа значи дека треба да го опишете точното чувство,а најважно е местото на болката.

Меѓу причините за болки во стомакот се:

-Дигестивни проблеми – безопасни или сериозни,такви болки се јавуваат во долниот дел на желудникот

-Менструални грчеви – ова е обично досадна,грчевичка болка која се чувствува во пределот на матката и може да се прошири на грбот

-Гастроезофагеална рефлуксна болест – се јавува веднаш под градната коска,создава чувство на печење и може да се крене нагоре,со подригнување

-Пептичен улкус – во горниот дел од желудникот, кој потсетува на убоди од нож кои одат сè до грбот

-Апендицитис – болката започнува во близина на папокот пред да се пресели надолу кон долниот десен абдомен кога станува постојана

-Жолчни камења или иритација на жолчното кесе – се чувствува во горниот десен дел на желудникот, грбот или дури и десното рамо.

За да одредите што точно ја предизвикува болката во стомакот, треба да знаете каде се наоѓа органот во телото, како и каде се чувствува болката во зависност од различните состојби.Важно е да се има предвид дека секоја болка во одреден дел од стомакот не мора да биде поврзана со орган што се наоѓа таму:на пример, слепото црево се наоѓа во долниот десен агол на абдоменот,на околу 15 см од папокот,но апендицитисот почнува да се манифестира со болка токму во пределот на папокот, па се движи со текот на времето.

Овој инфографик може да ви помогне да одредите што значи стомачната болка.

Дали болката во стомакот е причина за аларм?

Важно е да се има предвид дека болката генерално не е многу загрижувачка и нема причина за паника.Доколку е ненадејно,многу силно и онеспособувачко,сепак, потребно е веднаш да се оди до најблиската медицинска установа или да се повика брза помош, пишува австралискиот медицински портал Health Direct.

Исто така, следете дали има некои придружни симптоми,како што се треска, вртоглавица, гадење итн.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma