Британската пејачка Адел го прекина настапот во Лас Вегас за да одбрани фан од обезбедувањето.
Имено, споменатиот фан за време на концертот станал сакајќи да пее и танцува со познатата пејачка, но тоа не им се допаднало на луѓето околу него.
Обезбедувањето му пришло на младото момче и го замолиле да се врати на своето место и да седне, а сето тоа го следела пејачката, која го прекинала концертот и рекла:
– Можеш ли да го оставиш на мира, те молам? Нема да ти пречи веќе, драги. Уживајте во остатокот од концертот. Тој дојде овде да се забавува. Сите сте тука да се забавувате.
Обожавателот објави клип на TikTok во кој се заблагодарува на британската пејачка.
– Адел, многу ти благодарам за оваа ноќ и што застана зад мене. Жал ми е што не одговорив на ниту едно прашање. Почнавте да зборувате со мене, а јас буквално престанав да дишам – напиша тој.
Тој додаде дека не верува дека луѓето ќе му се налутат затоа што сакал да стане и да игра на хитовите на Адел, но откако таа разговарала со него, тој немал време да размислува за нив.
– Искрено, воопшто не ми беше грижа што ми кажуваат луѓето. Немав време за хејтери – рече тој.