Адел се омажи? Многумина мислат дека со ова ја потврди тајната венчавка

popara19 септември, 20234min00
o_30483895_1280

Сосема лежерно и без многу размислување, Адел го нарече Рич Пол свој сопруг за време на нејзиниот концерт во Лас Вегас. Почнаа гласини дека пејачката се омажила во тајност, но официјална потврда на информацијата или демант, ако се работи за лапсус, се уште не е дојдена.

Имено, една жена од публиката ја прашала додека го изведувала својот хит „Rumor Has It“ дали сака да се омажи за неа, на што пејачката одговорила: „Не можеш да се омажиш за мене. Јас сум стрејт, душо и мојата сопругот е тука вечерва“. Сепак, обожавателката била категорична и ја прашала пејачката дали може да се обиде, а Адел сочувствително одговорила: “Не, не сакам да се обидувам. Јас сум со Рич. Ти си луда, остави ме на мира”. Снимката од разговорот објавена на TikTok покажа дека пејачката потоа се оддалечила од публиката меѓу која била.

@adeleslittleloveee

adele calls rich, her husband during weekend 27 || the way i made this video yesterday>> @adeleslittleloveee🫶🏻 #adele30 #adele25 #adele21 #adele19 #adele #adele #adeleadkins #adelelaurieblueadkins #adelefans #adelefan #daydreamers #daydreamer #adelesongs #adelesong #songs #song #foryoupage #fypage #foryou #4up #fyp #trending #xyzbca #omgpage #viral #edit #weekendswithadele #adeleslittleloveee #weekend27 #week27 @Adele Access

♬ original sound – adeleslittleloveee🫶🏻

Адел и 41-годишниот Рич, кој е спортски агент, се заедно две години, а јавната потврда за врската се случи во јули 2021 година кога заедно седеа покрај теренот на натпревар НБА. Иако оваа изјава на концертот не мора да биде ништо повеќе од „одбрана“ од обожавателката, дополнителна причина за се погласните гласини е дијамантскиот прстен што Адел го носи на прстенот од левата рака околу една година. Меѓутоа, на прашањето дали тој прстен означува свршувачка, таа одговори дека не е веренички, туку дека едноставно сака луксузен накит. Така, барем извесен период таа успешно ги демантираше шпекулациите дека таа и Рич, кого го запознала на роденденска забава на пријател, се подготвени да се венчаат.

image

Освен тоа, приказната за нивниот брак дополнително ја подгреа нејзината минатомесечна изјава дека би сакала да има уште едно дете, а судејќи по убавите зборови кои секогаш ги кажува за него, се чини дека тој би можел да биде „оној“. “Тој е смешен. Тој е толку смешен, толку смешен. И исклучително паметен. Знаете, тој е многу, многу паметен. Неверојатно е да се гледа како го прави тоа што го прави”, изјави пејачката за CBS пред две години. Покрај тоа, во интервју за списанието Ролинг Стоун, таа рече дека оваа врска е една од најлесните во кои некогаш била. Да потсетиме, Адел веќе беше во брак со Сајмон Конецки, со кој го има десетгодишниот син Анџело, а се разделија пролетта 2019 година по 8 години заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag