Гладни сте, цревата ви кркорат, а веќе е доцна и се подготвувате за во кревет? Не си легнувајте гладни, овие намирници може да ги јадете без грижа на совест.
- Тврд кашкавал
Една порција од овој кашкавал ќе ве засити, а има само 80 калории.
- Овесни снегулки
Имаат околу 200 калории, лесно се варат и ги олеснуваат мачнините во стомакот.
- Павлака без маснотии
Шолја павлака без маснотии ќе му ги даде на организмот потребните протеини и ќе ви го олесни сонот. Пробиотските дејства ќе ги смират и цревата.
- Бело пилешко месо
Доволни се 2 мали парчиња за вечера. На тој начин ќе внесете висококвалитетни протеини со ниска количина масти.
- Јаболко со путер од кикирики
Јаболката имаат доволно хранливи влакна и ќе ви ја задоволат желбата за нешто слатко, а путерот од кикирики ќе ви даде чувство на ситост.
- Чоколаден пудинг без маснотии
Лесниот чоколаден пудинг купен од продавниците за здрава храна ќе ве засити без да се здебелите.
- Банана
Бананите се совршен плод кој може да ве засити непосредно пред спиење, а нема да ви наштети на линијата и килограмите.