Ако за време на празниците сте настинале и ви треба прва помош за болно грло, тогаш можете да направите ловоров сируп
Состојки:
осум суви ловорови лисја
2,5 дл вода
шест лажици мед
сок од лимон
Подготовка:
Зовријте ја водата, додадете ги ловоровите листови и варете поклопено 10 минути.
Процедете, додадете мед и кога ќе се олади додадете сок од лимон. Земајте една до три лажички дневно.