Ако не го контролирате редовно шеќерот, тоа може да биде пат до сериозни здравствени проблеми
Повеќето луѓе сфаќаат дека имаат покачено ниво на шеќер во крвта кога работите стануваат многу посериозни. Затоа е многу важно да се забележат првите симптоми на време и да се делува навремено.
Раните споро зараснуваат
Ако раните како исекотини бавно зараснуваат, ова може да биде знак дека шеќерот во крвта ви е многу висок. Имено, високиот шеќер негативно влијае на циркулацијата на кислородот и хранливите материи кои се потребни за зараснување на раните, пишува „Eatthis.com“.
Чести инфекции на кожата
Еден од симптомите се честите инфекции на кожата бидејќи високиот шеќер во крвта може да влијае на правилното функционирање на имунолошкиот систем.
Чувствителност на кожата
Хронично високиот шеќер во крвта може да ги оштети нервите, позната како дијабетична невропатија, која ги погодува нозете, стапалата и рацете. Може да се почувствува пецкање, болка и грчеви.
Брзо губење на тежината
Луѓето со висок шеќер во крвта често може да чувствуваат глад бидејќи високиот шеќер всушност го спречува телото да ја внесе гликозата, па затоа телото бара повеќе храна. Иако едно лице јаде повеќе, може да изгуби тежина бидејќи телото согорува масни резерви неопходни за енергија.