АКО ГО САКАВТЕ BRIDGERTON, МОРА ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ОВОЈ ФИЛМ: Lady Chatterley’s Lover спојува љубов, страст и висока мода

popara9 јануари, 20231min00
LADY-CHATTERLEY-S-LOVER

Ако користите Нетфликс, веројатно забележавте дека на почетокот на декември на оваа платформа се појави нов филм наречен Lady Chatterley’s Lover. Адаптацијата на истоимениот роман на Д.Х. Лоренс ја поврза актерката Ема Корин, позната по серијата „The Crown“ и актерот Џек О’Конел.

Иако овој роман беше предмет на тужба за безобразност во минатиот век (против тогашниот издавач), веднаш по решавањето, тој беше јавно објавен и продаден во три милиони примероци. Книгата набрзо стана озлогласена по својата приказна за физичка (и емоционална) врска помеѓу маж од работничка класа и жена од повисока класа, експлицитни описи на секс и употреба на вулгарности. Сепак, се чини дека новиот век е многу подобро време за реинтерпретација на овој роман – кога живееме во поотворено, слободоумно, но и општество кое се повеќе се приклонува кон феминистичките аспирации и урива разни табуа.

 profimedia-0730274071.jpg

Фаталната привлечност и експлицитните сцени во филмот се внимателно завиткани во рамки од бајките и високата мода што го одзема здивот.

 profimedia-0739448441.jpg

Заплетот е заснован на љубовната приказна помеѓу Лејди Чатерли и чуварот Оливер Мелорс откако нејзиниот сопруг е повреден во војната. Клучот е во преиспитувањето на полот, но и класните улоги во општеството и испитувањето на женската сексуалност и задоволство.

Ликот на Кони (Ема Корин) ја отелотворува женската интелигенција и бунтовната енергија. „Кога првпат разговаравме, Ема предложи сцена каде Кони танцува гола на дожд“, изјави продуцентот Де Клермон-Тонер за Vogue. „Ема рече: Ова е толку ослободувачки момент. Сакам да го истражам тоа чувство на екстатична слобода“.

Значи, ако сте го сакале Бриџертон, мора да го погледнете овој филм!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma